Фудбалерот на Болоња, Луис Фергусон, влегува во трансфер-плановите на италијанските гиганти Јувентус и Наполи, објавија тамошните медиуми.
Играчот од средниот ред има одлични партии во сезонава а неговиот тим се бори за место во Лигата на шампионите. Евентуалниот трансфер би се случил во текот на летото.
24-годишниот фудбалер пред две години си замина од шкотскиот Абердин и го облече дресот на Болоња. Тој во сезонава има 6 голови и 5 асистенции на 25 одиграни мечеви.

