Откако заврши првиот натпревар во 1/8 финалето од Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Лил, а во кој Челзи славеше со 2:0 на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон, стана јасно дека голманот на Челзи Едуард Менди продолжува да го покажува својот квалитет.
Голманот на Челзи, Едуард Менди го одигра својот 14-ти натпревар во Лигата на шампионите без примен гол објави „Opta Joe“ на Твитер. Вкупно, сенегалскиот фудбалер одигра 18 натпревари во ова натпреварување. Менди моментално е најдобриот голман во историјата на Лигата на шампионите според процентот на одиграни натпревари и „чисти мрежи“меѓу сите голмани кои одиграле повеќе од пет натпревари во Лигата на шампионите.
29-годишниот Сенегалец му се приклучи на Челзи во септември 2020 година од француски Рен. Висината на обештетувањето тогаш беше 24 милиони евра.