Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе се бори за бронзениот медал на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир.
Ние денеска загубивме од селекцијата на Египет со 34:20. „Фараоните“ одиграа одлично во текот на целиот меч и сосема заслужено влегоа во решавачката битка за златото. Во нашиот состав Павле Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Марко Стојковиќ и Иван Џонов дадоа по три гола.
Македонија во мечот за третото место ќе игра со поразениот од денешниот дуел Шпаниј- Србија кој ќе започне во 19.00 часот.