Египет ќе биде домаќин купот на Африканските нации во 2019 година, потврдиле денес од Африканската фудбалска конфедерација по состанокот во Дакар, Сенегал.
Ова натпеварување ќе се одржи во јуни и јули во Египет, бидејќи во декември минатата година, домаќинот Камерун го загуби правото да го организира следното издание на купот на Африканските нации во 2019 година.
Работите околу организацијата на ова натпреварување во Камерун значително беа забавени во однос на првичните рокови и тоа доведе до промена. Африканското првенство ќе се играат помеѓу 15 јуни и 13 јули. Ќе ушествуваат 24 репрезентации од овој континент.