Македонија го освои првиот медал на Медитеранските игри во Алжир, а тој заврши на градите на Владимир Егоров кој го доби репесажот и ја освои бронзата.
Владимир Егоров во категоријата до 65 килограми несреќно загуби од Хафез од Египет, но затоа што тој влезе во финале, македонскиот претставник доби шанса да се бори за бронзениот медал.
Во репесажот, Владимир Егоров беше надмоќен во однос на домашниот борач Абделхак Хербаче, кого го совлада со 7-2 и до тоа и донесе бронза на Македонија на Медитеранските игри во Оран.