Македонскиот репрезентативец со руско потекло Владимир Егоров стана европски шампион во борење што се одржува во Будимпешта.
Toj денеска во големото финале во категоријата до 57 килограми слободен стил славеше против Алиабас Рзазаде од Азербејџан со 8-6.
Бесир Алили утре ќе се бори за бронза во категоријата до 61 килограм. Негов противник ќе биде Едуард Григориев од Полска.