Алкалоид на „зелена маса“ го доби победничкиот пехар во Европскиот Куп откако ЕХФ одлучи да го регистрира неодиграниот реванш од финалето против АЕК со службени 10:0 за нашиот тим бидејќи Грците одбија да истрчаат на теренот.
Тоа значи дека екипата предводена од тренерот, Кире Лазаров, со две победи 29-25 во Грција и служените 10:0 во реваншот, официјално е прогласена за победник во натпреварувањето под капата на ЕХФ.
Во соопштението се наведува дека македонскиот тим ќе биде казнет поради одбивањето да обезбеди доволен број на влезници за гостинските навивачи. АЕК може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум денови.

