Фудбалерот на Лион, Карл Токо-Екамби, по вчерашниот пораз во полуфиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, изјави дека неговиот тим со малку среќа можел да направи позитивен резултат .
„Можевме да постигнеме голови. Среќата не беше на наша страна и ги пропуштивме нашите шанси.“ – потенцираше црномурестиот играч на „лавовите“.
„Мора да го задржиме борбениот дух во тимот и во наредната сезона да се вратиме во Лигата на шампионите“ –потенцираше Екамби .