Каратистите на Макпетрол во текот на викендот настапија на силниот интернационален турнир – ,,Кроација опен,“ кој се одржа во Ријека, Хрватска.
Тие освоија вкупно четири медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен. Со медали се враќаат : Абдурахим Идризи, бронзен медал сениори -60 кг, Витомир Трајковски Златен медал кадет -70 кг , Сара Радичевска, сребрен медал сениорки -61 кг и Анѓела Мојсовска, сребрен медал (У21), -68 кг . На турнирот учествуваа 1917 спортисти од 25 држави а тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, вели дека неговите каратисти прикажале одлични борби.
„Многу сум задоволен бидејќи нашата каратистка Анѓела Мојсовска која ќе биде наш преставник на Светското првенство имаше четири последователни победи и само еден пораз во финалната борба. Другите наши спортисти кои освоија медали исто така имаа вредни победи, искусната Сара Радичевска кај сениорите беше брилијантна, Идриз Абдурахим го освои првиот медал во сениорска конкуренција додека најмладиот во тимот Витомир Трајковски, покажува дека има светла иднина“ – потенцираше Заборски.