Челните луѓе на фудбалскиот состав на Милан планираат сериозна офанзива за потписот на Алваро Мората.
„Росонерите“ ќе се обидат да го засилат нападот откако Никола Калиниќ имаше разочарувачка сезона. Потенцијални заменици за Хрватот се напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, капитенот на Торино, Андреа Белоти и фудбалерот на Челзи, Алваро Морати.
Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели, се сретнал со Бепе Боцо, агентот задолжен за трансфери на Мората. Шпанскиот репрезентативец му се приклучи на тимот на Челзи во изминатото лето, но, не е задоволен со статусот на резерва кај лондончани.