Англиските фудбалски состави Челзи и Манчестер Јунајтед можат да започнат трка за потписот на голманот на Ателтико Мадрид, Јан Облак.
Интернационалецот од Словенија не е задоволен како се одвиваат работите во шпанскиот состав со што се отвора прстор набрзо да си замине од тимот. Според наводите, 27-годишниот чувар на мрежата на „јорганџиите“ има откупна клаузула од високи 120 милиони евра.
„Сините“ од Лондон иако го имаат на гол-линијата, Аризабалага, сакаат да се засилат на голманската позиција додека слабите партии на Де Геа, можат да ги натераат челниците на Манчестер Јунајтед да побараат негова замена.