Фудбалските екипи во Италија полека ги отвораат тренинг-центрите откако Владата најави дека набрзо ќе донесе одлука дали ќе продолжи сезоната која е прекината поради корона-вирусот.
Сите клубови ќе мора да го следат протоколот за заштита од Ковид-19 и нема да можат да реализираат групни тренинзи. Згора на тоа фудбалерите ќе мора да одат на задолжителни тестови пред да се вклучат во тренинг процес.
Премиерот на Италија, Џузепе Конте, неодамна најави дека полека ќе се намалуваат рестриктивните мерки и дека спортот ќе може во етапи да се враќа во арените. Медиумите шпекулираат дека Серија „А“ може да продолжи некаде кон средината на наредниот месец.