Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Екипите од Ла Лига не беа активни во зимскиот преоден рок  
    Фудбал

    Екипите од Ла Лига не беа активни во зимскиот преоден рок  

    risteBy riste02/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тимовите од Ла Лига не беа особено активни во последниот преоден рок. Анализата на весникот „АС“ покажува дека шпанските клубови потрошиле најмала сума на трансфери во последните шест години, ако ја исклучиме годината по пандемијата на Ковид 19.

    Причина за ова е пасивноста на двата големи гиганти Барселона и Реал Мадрид, кои во јануари не потпишаа ниту еден нов играч. Останатите клубови дадоа вкупно 37,6 милиони евра за нови играчи, а во исто време продадоа играчи во вкупна вредност од 78,4 милиони евра.

    Само во сезоната 2020/21, која беше погодена од пандемијата, тимовите трошеа помалку пари за нови играчи во зима. Тогаш клубовите дадоа само 20 милиони евра за нови играчи. Инаку, пред тоа, година со најмала потрошувачка беше 2017 година, кога за трансфери беа дадени 27,7 милиони евра.

    Сите споменати суми изгледаат прилично ниски во однос на парите што се трошат во Англија. Само Астон Вила даде повеќе пари за нови играчи од сите тимови во Ла Лига. Од друга страна, Челзи инвестираше неверојатни 326 милиони евра, што е повеќе од сите тимови во останатите 4 големи првенства.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.