Фудбалерите на Црвена Ѕвезда ќе имаат одлична поддршка на сите домашни мечеви во групната фаза во Лигата на шампионите против Наполи, ПСЖ и Ливерпул откако денеска беа експресно рапродадени сите предвидени влезници за стадионот „Маракана“.
Белграѓани по двомечот со австрскиот Салцбург успеаа по цели 26 години да обезбедат место во групната фаза во фудбалската елита на стариот континент.
„Најголемиот успех на нашиот тим во последните 25 години предизвика огромно внимание кај публиката. Блок билетите за групната фаза во Лигата на шампионите се распродадени за помалку од три часа“ – се вели во соопштението на „црвено белите“.