Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ектор Купер: Салах нема да се откаже од репрезентацијата
    Фудбал

    Ектор Купер: Салах нема да се откаже од репрезентацијата

    risteBy riste25/06/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Египетската ѕвезда Мохамед Салах не планира да ја заврши кариерата во репрезентацијата. Ова го изјави на прес-конференција селекторот на тимот Ектор Купер по поразот со 1:2 од Саудиска Арабија во последниот натпревар на тимот од групата „А”.

    Египетските играчи не успеаја да освојат поени во трите натпревари и го завршија натпреварувањето во групната фаза.

    Медиумите објавија дека Салах може да го напушти националниот тим по Светското првенство. „Го познавам Салах. Не мислам дека ќе си замине од тимот. Можеби ова се само гласини. Не мислам дека тој рекол такво нешто”, изјави Купер.

    „Салах играше прекрасно на денешниот натпревар. Понекогаш не може да го направи она што знае, понекогаш може да очекувате повеќе од него, но тоа не е секогаш можно. Тој е столбот на тимот”, додаде Купер.

    Салах беше избран како играч, но не се појави на прес-конференцијата по натпреварот. Купер рече дека му е потребна медицинска помош. „Тажен сум и разочаран, бидејќи изгубивме од Уругвај со гол во 90-тата минута и денеска во 95-та. Игравме добро, но не постигнавме добри резултати. Загубивме на трите средби, но во две од нив со голови во последните минути. Но, на светско првенство играте против најдобрите тимови во светот “, рече селекторот на Египет.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Конте извесен период ќе паузира од фудбалот

    01/02/2023

    Јунајтед имал други планови, Сабицер бил меѓу последните опции

    01/02/2023

    Украинецот под лупа на ФА

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Педро ги советува неговите сонародници
    • Конте извесен период ќе паузира од фудбалот
    • Британецот ќе мора да оди на рехабилитација
    • Јунајтед имал други планови, Сабицер бил меѓу последните опции
    • Украинецот под лупа на ФА
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.