Фудбалската репрезентација на Еквадор со победа од 2:0 го отвори 22-то Светско првенство, откако славеше над домашната селекција на Катар.
Со оваа победа Еквадор сруши традиција долга цели 92 години, и еден домаќин за првпат е поразен на отворањето на СП. Предводник на Еквадор на оваа средба беше Енер Валенсија кој успе ад апостигне два гола за победа на неговата селекција остварена со два гола во 16 и 31 минута од натпреварот. Еквадор доминираше во текот на целиот натпревар и не им дозволи на домашните фудбалери воопшто да се понадеваат на позитивен резултат на оваа средба.
Во вториот натпревар од А групата ќе се сретнат селекциите на Холандија и Сенегал, в понеделник од 17:00 часот.