Мексико и Еквадор одиграа нерешено 0-0 во последниот натпревар од групата Б на Копа Америка. Ремито беше сосема доволно за Еквадор да мине во следната фаза на елиминации, додека Мексиканците се враќаат дома.
Мексико беше подобар тим на средбата, но дури трипати не беше досуден пенал во нивна корист, еднаш и по асистенција од ВАР собата. Среќата им го сврте грбот и во 65. минута, кога шутот на Томас Хименез заврши во десната статива од голот на Еквадор.
Венецуела ја забележа третата последователна победа во групната фаза на Копа Америка, откако ја победи Јамајка со 3-0 во последниот натпревар од групата Б. На овој начин Венецуела го освои првото место во групата и во четвртфиналето ќе ја очекува меч со Канада.
Головите во синоќешната победа ги постигнаа Едуард Бело во 49. минута, Саломон Рондон во 56. минута и Ерик Рамирез во 85. минута.