Деновите на Мунир Ел Хадади во Барселона се броени. Напаѓачот не го продолжи договорот со клубот и од 1 јануари тој може да преговара со други тимови.
Затоа тој се согласи за да се пресели во Севиља, а за таа цел потпишал преддоговор кој ќе влезе во сила во текот на летото, велат шпанските медиуми. Неколку месеци во Барса се обидуваа да го обноват договорот на Мунир, правејќи две понуди, но играчот ги негираше. Интерес за него имаше и од Бетес и од клуб во Премиер лигата, кој му понуди висока плата. Сепак, овој играч не сакаше да оди во Англија, па ќе оди во Севиља.
По одличната сезона во Алавес, Шпанецот доби можност да игра за првиот тим на Барселона. Ова доведе до трансфер на Пако Алкасер, кој игра одлично во Борусија (Дортмунд). Тренерот Ернесто Валверде, сепак не се потпира многу често на 23-годишниот играч, и ова е веројатно една од причините за неговата одлука да ја проба среќата на друго место.