Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, најави дека Мунир Ел Хадади е на излезната врата од „Камп Ноу“. Шпанецот со мароканско потекло ќе го одработи договорот со каталонците до крајот на сезоната а потоа ќе си замине.
„Одлуката е донесена. Ние сакаме брзо решение, ако тоа се случи за време на зимскиот трансфер период ќе биде одлично. Немам ништо против” – изјави Валверде на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар со Леванте во Купот на Шпанија.
„Тимот е во добра форма. Секој сака да игра финале. Ја сакаме титулата и пехарот во Купот. Ние нема да се откажеме од ништо” – рече Валверде. Барса утре од 21.30 часот ќе гостува кај Леванте во првиот 1/8-финален меч во шпанскиот Куп.

