Со своето учество на денешниот натпревар помеѓу Египет и Саудиска Арабија, голманот на „фараоните“, Есам Ел Хадари, стана најстариот играч кој учествувал на завршницата од Светските првенства.
Искусниот голман дојде до овој рекорд благодарение на тоа што ја доби довербата од неговиот селектор Ектор Купер. Ел Хадари стана број еден според овој показател со неговите 45 години и 150 дена, заменувајќи го ветеранот Фарид Мондрагон.
Колумбиската легенда имаше настап за својот национален тим на Светското првенство 2014 во Бразил. Тогаш , Мондрагон имал 43 години и 3 дена. А токму овој натпревар против Саудиска Арабија,
Ел Хадари ќе го памети по тоа што успеа да одбрани пенал на противничкиот играч, но затоа прими гол во 95-та минута од натпеварот и неговата селекција загуби од Саудиска Арабија.