ПСЖ во последниве неколку години се обидува да направи конкурентен состав кој ќе се бори за титулата во Лигата на фудбалските шампиони. За таа цел, првиот човек на французите, Насер Ел-Калаифи го купи Нејмар од Барселона за огромни 222 милиони евра а во тимот успеа да ги задржи и големите ѕвезди од типот на Мбапе и Кавани.
Сега првиот човек на екипата од Франција е свесен дека со трансферот на Роналдо во Јуве, „старата дама“ од Торино се вбројува меѓу главните фаворити за освојување на победничкиот пехар во фудбалската елита на стариот континент.
„Со него, Јуве станува нашиот најголем ривал во Европа. Честитки за трансферот! “, Изјави Ал-Хелаифи, цитиран од Кориере дело Спорт. Ќе потсетиме дека во претходната сезона ПСЖ беше елиминиран во полуфиналето во Лигата на шампионите по пресметките со Реал Мадрид кој подоцна го освои врвот на Европа.