Шпанскиот фудбалски состав Елче влегол во преговори со луѓето од Леванте за потписот на нашиот репрезентативец, Енис Барди, објавија медиумите на Пиринеите.
Иако имаше преговори и со грчкиот гигант Олимпијакос, сепак, нашиот интернационалец веројатно ќе остане во Примера Дивизион.
Ќе потсетиме дека за Барди беа заинтересирани екипи од целиот свет, но, досега не се случи ништо конкретно.