Третиот светски рекет, Александар Зверев (Германија) доживеа елиминација во второто коло наМастерсот во Индијан Велс (САД). Тој загуби од Американецот Томи Пол со 2:1 во сетови (2:6, 6:4, 6:7). Германецот не успеа да искористи водство од 4:2 во решавачкиот трет сет, а во тај-брејкот 39-тиот на АТП-листата Пол успеа да освои шест од првите седум плеј-оф поени на пат кон успехот.
Второто изненадување на вечерта го направи Ботик ван де Зандшулп од Холандија, кој спаси три меч топки и го елиминираше деветтиот фаворит Феликс Ожер-Алиасим од Канада со 7:6 (4), 6:7 (4), 6:3.