Талентираниот играч за врска на Ливерпул, Харви Елиот, направи голем чекор кон враќање во фудбалот откако полека ја санираше тешката повреда на зглобот што ја доби во септември.
18-годишниот фудбалер тогаш заработи дислокација на неговиот зглоб по што мораше да оди на операција.
Неговата состојба будно ќе се следи во наредните денови а тренерот, Јирген Клоп, се надева дека набрзо ќе може да го вклучи и во екипата.