Со стартот на новата сезона нашиот млад фудбалер Ељиф Елмас доби поголема минутажа во својата екипа Фенербахаче. Доаѓањето на Филип Коку значеше пресврт, целосна доверба и поголема минутажа за нашиот млад игра кој има само 18 години.
„Се зависеше од мене , работев напорно на индивидуален план и практично немав одмор за да бидам поподготвен за новата сезона. Убаво е кога тренерите ти веруваат, но јас можам многу, многу подобро. Полека се навикнувам на темпото на игра и во иднина верувам дека ќе пружам уште подобри партии“, изјави Елмас.
Што се однесува до мечот со Гибралтар , Елмас вели дека улогата на фаворит и според многумина однапред впишаните бодови од јавноста и навивавачите е само обврска да одиграат максимално.
„Ние ме фаворити, но не чувствуваме притисок. Убаво ни е во репрезентацијата, атмосферата е одлична и веруваме во победа. Не размислувам за тоа на која позиција ќе настапам. Можам да играм на повеќе позиции, но што и да побара од мене селекторот, ќе го исполнам“, додаде нашиот репрезентативен играч Елмас.