Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас го комплетираше трансферот од Наполи во РБ Лајпциг, а уште една добра зделка заврши неговиот застапник Никола Ѓошевски кој го откри и бројот на играчот во клубот.
По трансферите во Фенербахче и Наполи, Елмас дојде до уште еден трансфер. Заедно со него во Германија беа неговиот татко Џеват Елмас и неговиот застапник Никола Ѓошевски.

Како што може да се види од фотографијата, Ељиф Елмас ќе го носи дресот со број шест. Договорот меѓу македонскиот играч и РБ Лајпциг е до 2028 година.

Да му посакаме на Елмас, добро вклопување во новиот клуб, а играта на РБ Лајпциг би требало да му одговара затоа што негуваат брз и атрактивен технички фудбал.

