Елиф Елмас и Наполи ќе се сретнат со Барселона во најатрактивниот дуел од 1/16-финалето на Лигата на Европа. На денеска одржаната ждрепка, овој дуел веројатно привлече најмногу внимание, иако има уште неколку супер-интересни пресметки кои не очекуваат.
Првите мечеви се закажани на 17, а реваншите на 24 февруари.