Нашиот репрезентативец во Наполи, Елиф Елмас, ќе добие шанса од првата минута на утрешниот меч со Милан во четврфиналето во Лигата на шампионите.
Тоа го најавија неколку италијански медиуми алудирајќи дека Виктор Осимен не е подготвен за настап а Џовани Симеоне се соочува со повреда на мускулот.
Бидејќи тренерот, Спалети, нема многу опции во нападот, јасно е дека Елмас може да заигра од првата минута.