Нашиот фудбалски интернационалец, Елиф Елмас, набрзо ќе се активира во редовите на гигантот Наполи. Тоа го потврди првиот човек на италијанскиот вице-шампион, Де Лаурентис, во изјава за радио – „Кис Кис“.
„Вистина е – Елмас до крајот на неделава ќе дојде во Наполи“ – изјавил Де Лаурентис.
Трансферот ќе изнесува 18 милиони евра а Елмас ќе добие договор за наредните пет сезони со годишна плата од 1,5 милиони евра.

