Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа одигра 90 минути за Наполи во поразот од Милан во четвртфиналето во Лигата на шампионите (1-0). Нашиот репрезентативец по мечот даде изјава за италијанските медиуми во која меѓу другото зборуваше и за новата улога која ја доби во тимот синоќа, на центарфорската позиција.
„Можеме да направиме пресврт на нашиот стадион. Мислам дека добро се најдов како прв напаѓач. Кога пристигнавме овде, знаевме дека Милан е силен тим. Одигравме добар натпревар, ќе мора да го повториме и на Марадона. Сите натпревари се тешки и ќе недостасуваат важните играчи“, вели Елмас, кој имаше забелешки на судењето:
„Не знам што да кажам за судењето. Судијата ги казни сите наши играчи, а и тие правеа исти фаули како нас, но останаа без жолти картони“.