Нашиот фудбалски „бисер“, Елиф Елмас, кој се повреди на мечот со Летонија во Лигата на Нации, нема да игра до крајот на годинава.
Лекарските прегледи покажаа дека има скинати мускулни влакна и ќе мора да паузира најмалку четири до шест седмици. Елмас кој настапува за германскиот елитен состав, Лајпциг, има реални шанси да ја промени средината во текот на зимскиот трансфер период.
Според одредени шпекулации, за неговиот потпис конкурираат екипи од Турција како и неговиот претходен клуб, Наполи.

