Нашиот фудбалски интернационалец, Елиф Елмас, преку видео на социјалните мрежи се збогуваше со турскиот состав Фенербахче.
Младиот фудбалер по перидот поминат во Турција, сега ќе влезе во нов голем предизвик а тоа е италијанската Серија „А“. Елмас од наредната сезона ќе ги брани боите на елитниот тим Наполи.
Македонскиот фудбалски репрезентативец денеска објави видео на „Инстаграм“ со кое практично се збогуваше со клубот од Истанбул.