Елиф Елмас со гол во 66. минута, синоќа и донесе водство на Македонија на мечт со Малта. По мечот тој изјави дека очекувал тежок меч.
„Знаевме дека ќе биде тешко. Тешко е кога се игра прв меч во квалификации. И Малта има добри играчи, ја играат нивната игра, ние не сме навикнати да ја гледаме вака Малта добро да игра. Најважно беше вечерва да ги земеме тие три бода, и успеавме во тоа. Се знае што значи да почнеш со победа еден квалификациски циклус. За нас сега почнуваат квалификациите, за нас секој меч е тежок. Во јуни не очекуваат два тешки меча. По оваа победа ќе се врати самодоверба“, вели Елмас.