Италијанските медиуми денеска присусутвуваа напромоцијата на нашиот фудбалски „бисер“, Елиф Елмас, кој од наредната сезона ќе го носи дресот на Наполи.
„Сон е да тренираш под водство на Карло Анчелоти. Рано е да зборуваме за тактика, не би сакал да си создавам притисок. Само два дена сум тука, ќе работиме на се, јас се чувствувам добро и 100% сум на располагање на Анчелоти“ – вели Елмас кој се осврна и на ривалството меѓу неговиот тим и Јувентус.
„Јасно е дека името на Роналдо во светот на фудбалот има тежина, но, не ме плаши. Знам за ривалството меѓу Наполи и Јувентус, ќе биде убаво да се игра против Јувентус“ – потенцираше нашиот репрезентативец кој во новата сезона вќе дејствува во среdниот ред на Наполи.