Од Италија, односно од Неапол, стигна лоша вест за нашата репрезентација која е на дваесет дена пред одигрувањето на историскиот меч со Косово.
Елиф Елмас, еден од нашите клучни играчи е повреден, има проблем со бутниот мускул во пределот на препоните, поточо воспален му е мусколот на препоните. Во текот на вчерашниот ден Елмас тренирал одделно од останатите играчи, а денеска би требало да има дополнителни лекарски прегледи.
Во зависност од овие прегледи ќе се знае каква терапија ќе има Елмас и колку време ќе му биде потребно за да ја санира повредата. Секако дека целата ситуација ја следи и селекторот Игор Ангеловски.
„Како се ближи натпреварот со Косово така секојдневно сум во комуникација со сите играчи, ме загрижува последната информација за повредата на Елиф и онаа за Дарко Велковски, многу е важно за оваа средба да можеме да сметаме на сите фудбалери. Ќе мора д апочекаме неколку дена за да знаеме повеќе околу ситуацијата со нивните повреди. Во зависност од тоа и од состојбата со другите играчи ќе го објавам списокот на играчи за мечот со Косово на 21 март, а собирот ќе биде на 23 март. Што се однесува до тоа дали ќе играме пред публика или без, секако дека е важно да ја имаме публиката како 12-ти играч. Ние со нашиот настап и резултати на фидбалскиот терен се изборивме да играме на домашен терен и да имаме предност, затоа е важно да играме со публика, а плус за оваа средба се обидинуваат и навивачките групи што секако гарантира добра поддршка од трибините за Македонија“ рече Игор Ангеловски во разговорот за Спортско радио 90,3 ФМ.

