Фудбалерот на Наполи и на нашата репрезентација, Елиф Елмас, вели дека Италија ќе има голема поддршка од фановите на утрешната пресметка со Македонија во Рим во рамките на квалификациите за ЕП.
„Мечот е многу значаен за Италија но, ние треба да се насочиме кон нашата игра. Дојдовме тука за да освоиме три бода. За нас е задоволство да играме против Италија. Не знам дали не потценуваат но, дојдовме тука да извлечеме добар резултат“ – потенцира Елмас.
„Знаеме како играат тимовите на Спалети, верувам дека ќе биде исто како во Наполи. Тие ќе се обидат да бидат агресивни“ – вели македонскиот репрезентативец.