Нашиот фудбалер, Елиф Елмас, со само 45 минути одиграни во дресот на Наполи веднаш се појави на насловната страница на реномираниот италијански весник – „Кориере дело Спорт“. Тој на вчерашниот пријателски меч со Олимпик Марсеј покрај асистенцијата за победничкиот гол прикажа одлична игра како во одбраната така и во нападот по што доби одлични оценки од седмата сила.
Новинарите ја потенцираа неговата одлучнос, интелигинција и потегот кој практично ја донесе победата против Французите. По мечот „Кориере дело Спорт“ на насловна страница само кратко напиша -„Елмас го маѓепса Анчелоти!“.
„Има играчи кои уште треба да работат како Фабијан Руиз и Елиф Елмас. Елиф покажа дека е интелигентен, покажа сила, покажа разновидност, покажа дека е – комплетен играч“ – рече по мечот Анчелоти.