Во дресот на Македонија за мечот со Португалија се враќа Елиф Елмас. Тој по денешниот тренинг во Скопје изјави:
„Овој е еден од најтешките и највозбудливите натпревари за сите играчи кои сме тука. Ова се наши 90 минути да си го исполниме сонот од деца, за нас и за цела нација и држава. Мора да знаеме дека оваа шанса не смееме да ја пропуштиме. Треба да се одигра максимално, да изгинеме за да стигнеме до Катар. Мислам дека Португалија индивидуално е поквалитетна од Италија. Се игра финале, мислам дека нема да не потценат иако јас би сакал. Од секој аспект овој меч ќе биде поразличен, финале е и двете репрезентации само 90 минути не делат од СП“.