Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, посакува да освои многу трофеи со екипата на Наполи.
„Четири години сум во Наполи и сакам нов трофеј. Ќе дадеме сè во Серија А и во ЛШ а на крај се надевам и верувам дека ќе бидеме шампиони. Живееме во прекрасен момент но, мора да гледаме напред и да не застануваме“ потенцирал Елмас.
„Што се однесува до Македонија, мојата цел е да играме на наредното Европско првенство како и на наредното Светско првенство“ – вели Елмас пред денешниот пријателски меч со Анталија.