Елиф Елмас кој го напушти турскиот Фенербахче и вчера потпиша со италијанскиот фудбалски гигант Наполи, вели дека е максимално подготвен за новиот предизвик во неговата кариера. Тој ќе се обиде да покаже колку вреди во еден од најсилните шампионати на светов.
„Многу сум среќен што ќе го носам дресот на Наполи. Тоа е голема можност за мене да видам колку вредам и да се докажам во една од најквалитетните лиги“ – потенцираше нашиот фудбалски „бисер“.
Елмас потпиша договор за наредните пет години со калчо-лигашот а неговиот претходен тим Фенербахче, ќе добие 16 милиони евра плус дополнителни бонуси.