Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, го напушта Лајпциг и се сели на позајмица во екипата на Торино.
Иако претходно имаше најава дека нашиот интренационалец ќе замине во Шпанија во Валенсија, работите драстично се променија. Елмас сега ќе игра во калчолигашот до крајот на сезоната по што Торино ќе може да му го откупи договорот за 17 милиони евра.
Ќе потсетиме дека Елмас има искуство од „Чизмата“ бидејќи пет сезони го носеше дресот на Наполи или од 2019 до 2024 година.

