Нашиот фудбалер, Елиф Елмас, пред утрешниот контролен дуел со Фарски Острови, нагласи дека е секогаш крајно мотивиран на теренот без разлика дали станува збор за официјален или пријателски натпревар.
„Сите ние во репрезентацијата секогаш го даваме најдоброто, така ќе биде и утре со Фарски острови. Јас за Македонија секогаш сум максимално мотивиран“ – вели Елмас.
„Против Малта беше најважно да тргнеме со три бода и тоа го остваривме. Знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати“ – рече играчот на Наполи.