Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, синоќа со гол ја почна новата сезона во Серија А. Неговиот Наполи со 10 фудбалери на теренот со 2:0 ја совлада Венеција, а Елмас по средбата, го прокоментира мечот и својот настап.
„Не беше лесно бидејќи бевме десетмина, но имавме поддршка од навивачите и среќни сме. Тука има неверојатна страст и се надевам дека секогаш ќе го правиме ова со полн стадион. Топката стигна до мене и не размислував за ништо друго освен да шутирам. Среќен сум за голот, но уште повеќе за трите бода во ваков тежок натпревар“, вели Елмас.
За својата позиција во тимот и довербата од тренерот Спаелти, Елмас дополни:
„Знам дека добро зборува за мене и среќен сум, но морам да се докажам на теренот. Се надевам дека ќе успеам оваа година: тоа е важно за мене, бидејќи ова е моја трета сезона во Наполи“.