Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, по вчерашната победа со Болоња (3-2) – индиректно му одговори на нашиот Елиф Елмас, кој објави пост дека неговата „прва љубов“ е клупата за резерви.
„Резервистите во второто полувреме го променија резултатот. Фактот да не се игра од почеток може да биде позначаен посебно ако ги решавате мечевите и не се пазарите“ – рече Спалети.
Елмас вчера доби шанса да заигра во вториот дел кога домаќинот успеа да стигне до головите за победа.