По јунските порази од Украина во Скопје (2:3) и катастрофалниот пораз од Англија (7:0) во Манчестер, Македонија има тешка задача утре, за противник ја има селекцијата на Италија. Еден од оние кои најдобри ги познаваат италијанските репрезентативци е Ељиф Елмас. Фудбалерот на Наполи на средбата со новинарите го најави дуелот против фаворитот.
„Очекувам доста промени под водство на Спалети. Го познавам доста добро. Очекувам висок пресинг и офанзива со посед на топка. Тој бара 90 минутен пресинг. Не знам колку ќе успее да го наметне своето за овој краток рок како селектор, па ќе видиме како ќе изгледаат. Ние ќе излеземе на терен да го одиграме планираното. Италија ќе истрча за победа, но колку ќе дозволиме да игра зависи од нас“ рече Елмаз.
„Ние соиграчите некогаш се „пецкаме“, ама се респектираме. Чест и задоволство е да играме против себе за националните тимови. По освоеното скудето и убавите моменти со Спалети, среќен сум што пак ќе се видиме. Додека почне натпреварот сме пријатели, потоа секој на својата страна и за својата држава“, додаде Ељиф Елмас.
Дали Македонија може да направи уште едно изненадување против Италија останува да видиме утревечер во Скопје , на Националната арена „Тодот Проески“ со почеток во 20.45 часот.

