Таткото на фудбалерот, Мохамед Елнени, кој игра за екипата на Бешикташ, соопшти дека челниците на Милан преговараат за ангажман на неговиот син. Фудбалерот од средниот ред кој игра како позајмен од Арсенал, се наметнува како еден од лидерите во тимот Истанбул. Тој во тековнава сезона има одиграно 17 мечеви.
„Преговорите меѓу Мохамед и Милан се во напредна фаза. Верувам дека набрзо ќе се потпише договорот“ – вели таткото на фудбалерот кој во 2016-та го напушти Базел и за 12,5 милиони евра се пресели на – „Емирати“ во Лондон.
Откако Елнени не успеа да се наметне во англискиот состав, челниците на тимот одлучија да го испратат на позајмица во Турција.