Тренерот на ПСЖ, Унај Емери изјавил дека еден ден ќе сака да го води Реал Сосиедад. Овој фудбалски тренер потекнува од Сан Себастијан.
„Секогаш сум го сакал Реал Сосиедад, и овој клуб секогаш имал посебно место во моето срце, каде што поминав 10 години и израснав таму, би сакал да работам таму во иднина“, рече Унаи Емери.
Договорот на 46-годишниот тренер со шампионот на Франција истекува на крајот од сезоната, а според најавата тој нема да биде продолжен што значи дека Емери ќе може да си ја исполни својата желба веднаш, доколку тоа го сакаат и од Реал Сосиедад.