Шпанскиот фудбалски тренер, Унај Емери, вели дека Арсен Венгер може да се врати во татковината и да го наследи на кормилото на ПСЖ.
Французинот по 22 години на клупата на Арсенал се одлучи пред време да го раскине договорот и да си замине од Лондон. Се споменува дека Венгер нема намера да се повлече од фудбалот, напротив тој има желба да остане и да добие функција во некој друг клуб. И тука е во игра ПСЖ.
„Тој е поим за искусен тренер. Многу луѓе се присутни на неговите предавања во Нион. Венгер е одлична опција за ПСЖ“ вели Емери кој на крајот на сезоната ќе си замине од „паркот на принцовите“.