Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Унаи Емери, донел одлука за Денис Суaрес кој во јануари беше ангажиран како позајмен од Барселона. Шпанскиот стратег проценил дека Суарес ги нема потребните квалитети и затоа нема да ја искористи можноста да го откупи неговиот договор.
25-годишниот Суaрес откако пристигна во Англија одигра само 67 минути во Премиер-лигата. Во меѓувреме се појавија гласини дека фудбалерот може да биде вратен во Барселона уште пред крајот на сезоната.
Самиот играч одговори на тие шпекулации преку социјалната мрежа – „Инстаграм”. Тој објави негова слика од тренингот со „топчиите“ со коментар: враќање кон тренинзите со насмевка. Да ги оставиме да продолжуваат да зборуваат!”.