Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Унаи Емери, има намера да купи квалитетен голгетер. Шпанецот кој ќе располага со ограничен буџет за летни засилувања, ќе се обиде да дојде до потписот на напаѓачот на Кристал Палас, Вилфрид Заха.
Според наведеното во медиумите во Англија, популарните – „топчии“ планираат да испратат понуда во висина од 45 милиони фунти, но, прашање е дали тоа ќе биде доволно и дали понудата ќе биде прифатена.
Кристал Палас објави дека бара минимум 55 милиони фунти за да го продаде голгетерот кој од 2013 до 2015 година беше дел од Манчестер Јунајтед, но, откако не успеа да се наметне на „Олд Трафорд“ повторно го облече дресот на Кристал Палас.